Баерн Минхен славеше на гостувањето кај Унион Берлин со 2:0 а еден од двата гола беше дело на Роберт Левандовски.

Полјакот со ова стигна до 26 овосезонски гол во Бундес лигата и со тоа ја продолжи низата, петта година по ред постигнува најмалку 40 голови во ситен конкуренции (се смета една натпреварувачка година).

За Левандвоски ова беше 40 гол сезонава во сите натпреварувања, покрај 26 погодоци во Бундес лигата, тој веќе има 11 голови во ЛШ и три гола во Купот на Германија.