Управата на Баерн Минхен и Роберт Левандовски потпишаа нов договор според кој напаѓачот ќе остане во редовите на баварскиот гигант до 2023 година.

Левандовски се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, ПСЖ и во Челси а пред две недели беше предводник на бунтот во соблекувалната на Ковач со барање на нови засилувања на екипата.

Откако во Баерн пристигна Кутињо, Левандовски се предомислил и ја прифатил понудата од шампионот на Германија.

„Баерн Минхен е мојот спортски дом. Сите од моето семејство се среќни во Минхен. Уверен сум дека ќе имаме голем успех во следните неколку години. Баерн е еден од трите најдобри клубови во светот и горд сум што ќе бидам дел од овој тим.“ – изјави Левандовски.