Баерн Минхен им се врати на победите во најсилното фудбалско првенство во Германија откако славеше против Унион Берлин со 2:1.

Робер левандовски постигна еден гол во победата на „баварците“ и со ова стана единствениот кој погодил на воведните девет рунди од Бундес лигата надминувајќи го остварувањето на Обамејанг од сезоната 2015/2016.

Левандовски има 13 голови оваа сезона во Бундес лигата по девет одиграни кола.