Баерн Минхен со 5-0 го „преслуша“ Ајнтрахт Франкфурт, херој кај шампионот на Германија беше Роберт Левандовски со хет-трик на мечот.

Левандовски три пати се запиша во листата на стрелците, беше прецизен во 10, 26 и 60 минута, Сане погоди во 72 додека Горецка го комлетира убедливиот триумф во 91 минута со петиот гол на средбата.

Голот на Сане:

На останатите денешни средби во Бундеслигата, Лајпциг ја совлада Херта со 2-1 и ја задржа првата позиција на табелата, Мајнц-Борусија Менхенгладбах 2-3 и Унион Берлин – Фрајбург 1-1.