Леванте и Реал Сисиедад одиграа 1:1 во 34 коло од Ла Лига и со ова останаа на позициите на табелата на кои беа пред почетокот на натпреварот.

Гостинот поведе во 12 минута со голот на Александер Исак. Швеѓанецот реализираше на специфичен начин и потсети на мајсториите на Златан Ибрахимовиќ.

Леванте израмни четири минути подоцна, Моралес реализираше за конечни 1:1. Енис Барди не беше дел од денешниот натпревар поради суспензија од жолти картони.

Standings provided by SofaScore LiveScore