Фудбалерите на Леванте издвојуваа важна победа над фенерџијата Легањес со 1-2 во рамки на 8 коло од Ла лига.

На овој меч Леванте повторно беше без македонскиот репрезентативец Енис Барди кој сеуште се опоравува од повредата.

Стрелци за головите на тимот од Валенсија беа Роџер во 45 минута и Кампања во 49, додека автор на голот за домашните беше Брајтвит. Токму фудбалерот на Легањес можеше да биде херој на мечот, но во 78 минута не искористи удар од белата точка со што Легањес остана на последната позиција со само 2 бода.

Леванте со оваа победа се искачи на 9 позиција со 11 бода.