Леванте освои само бод вечерва во дербито на дното во Ла Лига одигрувајќи 1-1 против Селта.

Македонскиот репрезенттаивец Енис Барди влезе во игра од клупата за резервни играчи и ги одигра пследните 30 минути.

Леванте поведе во 58 минута преку Рожер од пенал, а гостите вратија седум минути подоцна преку Кареира.

Најголемата шанса за триумф на Леванте во финишот ја имаше  Барди, но неговиот удар од работ на шеснаесетикот за малку заврши крај голот.

Во самиот финиш на средбата судијата му поништи гол на Леванте консултирајќи ја ВАР собата поради офсајд.