Леванте го победи Леганес со 2-0 и ја прекина серијата од четири порази во низа.

Енис Барди учествуваше со асистенција при постигнувањето на првиот гол кој е дело на Роха во 20 минута.

Домашните во 28 минута зголемија на 2-0 преку Роџер што беше конечен резултат на средбата. Леванте е на 11. место на табелата во моментов со 29 бода.