Енис Барди и Леванте го доживеаја и четвртиот пораз во Шпанија, откако попладнево загубија на гостувањето кај Атлетик Билбао во петтото коло во Ла Лига со 2-0.

Домаќините доминираа во натпреварот и заслужено дојдоа до нови три бода, благодарение на головите на Беренгуер и Вилијамс во завршните 22 минути од мечот.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше во почетниот состав на Леванте и одигра 82 минути.

За Леванте ова беше четврти пораз во новата сезона .со која остана на претпоследното место на табелата