Леванте, за кој втор меч по ред поради повреда не настапи Енис Барди, со бод се враќа од гостувањето кај Ваљадолид играјќи вечерва 1-1 во Ла Лига.

Ваљадолид дојде во водство преку Маркос Андре во 57 минута, а Леванте израмни во финишот преку Кампара во 83 минута од пенал.

Леванте, кој им само една победа во последните два месеци, остана на 18 место, со осум бодови два помалку од Ваљадолид кој е 17-ти.