Екипата на Баер Леверкузен го прегази Ајнтрахт Франкуфрт со 4-0, тоа е најубеливата победа денеска на една екипа од Бундеслигата.

Леверкузен победи со головите на Хаверц, Белараби и Пулињо кој два пати погоди против екипата од Франкфурт.

Херта иако губеше дома од Вердер со 0-2, успеа да стигне до бод со два гола преку Штарк и Куња, претходно за гостите погодија Сарџент и Класен.

Фрајбург го победи Унион Берлин со 3-1, Шалке и Хофенхајм одиграа 1-1, немаше голови меѓу Волфсбург и Лајпциг кој сега може да падне на третата позиција доколку Дортмунд запише победа против Менхенгладбах вечерва.