Баер Леверкузен славеше во дербито на 21 коло од Бундес лигата откако во незборавен натпревар ја совлада Борусија Дортмунд со 4:3.

Домаќинот на „Бај Арената“ отвори со голот на Воланд во 20 минута.

На ова следуваа головите на Хумелс (22 мин) и на Емре Чан (33 мин). Тој што го постигна новото засилување на „Милионерите“ конкурира за најубав во оваа сезона во Бундес лигата.

Пред крајот на првото полувреме, Леверкузен израмни со вториот гол на Воланд.

Во вториот дел Гуереро одново и донесе предност на Борусија во 65м инута по додавањето од Хакими.

Шест минути подоцна во игра влезе Бејли па во 81 напаѓачот израмни на 3:3 а конечни 4:3 беа дело на Бендер во 82 минута.

Со денешната победа Баер Леверкузен напредуваше на 5 место на табелата со 37 бода, два повеќе има Борусија Дортмунд која е на третот оместо со три бода помалку од лидерот Баерн Минхен кој има и натпревар помалку.