Баер Леверкузен запиша победа против Унион Берлин со 3-1 иако губеа со 1-0 до 72 минута, обезбедија пласман во ДФБ Купот.

За Баер ова е трет пласман во полуфиналето на Купот во последните три години. Екипата од Леверкузен губеше со 1-0 се до 72 минута, гостите поведоа со голот на Ингвартсен во 39 минута.

Баер одговори во вториот дел, со головите на Белараби, Арангуиз и Диаби во периодот од 72 до 91 минута стигна до голема победа и пласман меѓу четирите најдобри во Купот на Германија.

Покрај Баер Леверкузен во полуфиналето пласман веќе обезбедија и екипите на  Баерн Минхен и Сарбрикен, последниот патник во завршниот дел на Купот ќе бид епознат по дуелот меѓи Ајнтрахт Франкфурт и Вердер.