Лидс Јунатед и Ливерпул одиграа нерешено 1-1, шампионот на Англија водеше се до 87 минута и потоа прими гол кој им скрати два бода.

Ливерпул поведе со голот на Мане во 31 минута. Езџан Алиоски играше од првата минута се до 79-та од мечот. Лидс израмни во 87 минута со голот на Љоренте и стигна до бод.

Лидс има 46 бода на 10 место, Ливерпул со 53 е на шестата позиција, со овој резултат направи чекор назад во трката за излез во Лигата на шампионите.