Лидс Јунајтед со Езџан Алиоски во стартната постава на својот тим за кој одигра комплетен меч, запиша победа со 2-0 на гости кај Саутемптон.

Головите за Лидс се дело на Бамфорд и Робертс во вториот дел, првиот гол е постигнат во 73 минута, вториот во судиското продолжение.

Лидс на коло до крајот има 56 бода на седмата позиција, Саутемптон по денешниот пораз е на 14. место со 43 бода.