Лидс Јунајтед со победа 2-1 на гости кај Њукасл стигна до нови 3 бода во Премиер лигата, Езџан Алиоски играше од првата до 56 минута, две минути по жолтиот картон.

Њукасл ја продолжи кризата, 11 натпревари да не знае за победа во сите натпреварувања, вечерва го запиша петтиот пораз во низа.

Головите за Лидс ги постигнаа Рафиња и Харисон, единствениот за Њукасл е дело на Алмирон кога израмни на 1-1.

Лидс има 26 бода, Њукасл седум помалку од тимот на Алиоски на табелата каде се распоредени на 12 односно 16 место.