Лидс со Егзјан Алиоски  во почетниот состав ја прекина победничката серија на Астон Вила, откако вечерва славеше во Бирмингем со хет трикот на Бамфорд.

Алиоски по втор пат сезонава се најде во почетниот состав на Марсело Биелса, а за прв пат ги одигра сите 90 минути.

Триумфот на гостите им го донесе Бамфорд со хет трик за 19 минути, биејќи три пати прецизно од 55 до 74 минута за кончни 3-0.