Лидс стигна до убедлива победа на гостувањето кај Барнли, во меч каде нашиот Езгјан Алиоски одигра 90 минути, а подели и една асистенција.

Резултатот на крајот беше 0:4 и покрај релативно мирното прво полувреме каде единствениот гол падна дури во 44-тата минута, а беше дело на Матеуш Клич по асистенција на Рафиња.

Второто полувреме пак донесе многу повеќе возбуда, а го отвори со гол Џек Херисон во 60-тата минута, по асистенција на нашиот репрезентативец Џани Алиоски.

Конечните 0:4 со два гола ги постави Родриго со голови во 77-та и 79-тата минута, по асистенциите на Џек Херисон.

Со оваа победа Лидс останува на 10-тата позиција на табелата со 53 бодови, а Барнли со 39 бода се 15-ти на табелата, но со обезбеден опстанок.’

Standings provided by SofaScore LiveScore