Иако настапи во чудна и неочекувана формација, Марсело Биелса го предводеше Лидс до пета победа во низа, осми натпревар без пораз во Чемпионшип лигата во Англија.

Лидс победи со 4:0 со головите на Брамфорд, Кич, Коста и Клич а нашиот репрезентативец Езџан Алиоски влезе во игра во 76 минута на местото на Коста.

Ова за Лидс беше 12 победа по 19 кола по која се искачи на првото место на табелата со бод преднос пред ВБА која во понеделник го дочекува ВБА.