Фудбалерите на Лидс ја запишаа четвртата победа во низа откако славе на гостувањето кај Хал со 4:0 во 36 коло во Чемпионшип дивизијата во Англија.

Ајлинг, Хернандез и на двапати резервистот Робертс реализираа за убедлива победа на гостите кои дополнително се завцрстија на второто место на табелата.

Македонкиот репрезентативец, Алиоски на гостувањето кај Хал влезе во игра во 88 минута на местото на Харисон.

Во следното коло, Лидс ќе го дочека Хадерсфилд.