Поранешниот европски првак Стеауа обезбеди пласман во 3 квалификациско коло во Лигат на Евролпа откако синоќа ја елиминираше Бачка Топола во една од најлудите пресметки во ова натпреварување.

Романскиот состав на госувањето во Сента ја совлада Бачка Топола на пенали со 5-4,откако мечот по 120 минути заврши дури 6-6, при што двс гола паднаа во судиското продолжение.

Стеауа пристигна на гостувањето во Србија без дури деветмина стандардни првотимци кои испаднаа од комбинација поради коронавирус.

Романскиот тим имаше само тројца резервни фудбалери, од кои двајца дефанзивци и еден напаѓач.

И покрај се, поранешниот европски првак успеа да слави победа во меч полн со голови и пресврти.

Домаќинот водеше со 2-0, Стеауа намали на 2-1, а потоа со играч повеќе израмни. Бачка стигна до нова предност од 3-2, за Романците повторно да израмнат, а во судиското продолжение и да поведат со 4-3. Кога се мислеше дека натпреварот ќе заврши со победа на гостите, Бачка Топола израмни.

На почетокот на првото продолжение домаќините останаа без уште еден играч, што Стеауа го искористи за ново водство од 5-4, но, тоа не траеше долго. Гостите имаа и водство од 6-5, но српскиот клуб израмни со двајца играчи помалку.