Сензационалниот шампион на Франција за минатата сезона на почетокот на оваа исто така го освои суперкупот.

Со прекрасниот гол на Жека во 45. минута, Лил го победи ПСЖ на мечот во Тел Авив.

Жека постигна гол од 17 метри дијагонално од лево кон десно во противничката страна на голманот на ПСЖ  Кејлор Навас.

Актуелниот шампион, кој го шокираше најбогатиот и најсилниот француски клуб ПСЖ со преземањето на титулата, повторно го освои трофејот против фаворитите и актуелниот освојувач на купот.

Лил станува ноќна мора за екипата од Париз , и речиси незнае за пораз кога се во прашање дуелиуте со ПСЖ

Сепак, треба да се напомене дека  Париз беше значително ослабен односно , Донарума, Рамос, Маркињос, Верати, Мбапе, Нејмар и Ди Марија не играа на овој натпревар.