Со головите на Осимхен и на Луиз Араујо, Лил дојде до третата победа по 5 кола во новата сезона во Лига 1 во Франција.

Анжер се обиде да остане непоразен на гостувањето кај „Пиер Мару“ но со грешките на голманот Бутел тоа беше тешко да се оствари.

Бахокен со гол во 87 минута намали на 2:1 но до крајот, Анжер немаше реална шанса за израмнување на резултатот и за освојување на бод.