Фудбалерите на Лион четврти натпревар по ред во Лига 1 не успеаа да стигнат до три бода, ова откако ремизираа на домашен терен со Стразбур во 25 коло.

Фаворитот дојде до предност со голот на Траоре во 21 минута но ротацијата која се решиа да ја направи Гарсија и да ги изостави Дембеле и Тириер го чинеше два бода.

Гостите во 42 минута преку Зохи израмнија на 1:1 и до крајот се изборија за бод во пресметката со екипата која на првото овосезонско соочување славеше со 2:1.

По денешното реми, Лион остана на 10 место на табелата додека Стразбур напредуваше на седмата позиција.