Барселона славеше против Ференцварош со 5:1 во воведниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Лионел Меси го постигна воведниот гол на мечот од пенал во 27 минута и со ова постави нов рекорд во елитата на УЕФА.

Аргентинецот со ова стана првиот фудбалер во историјата на ЛШ кој постигнал барем по еден гол 16 сезони по ред во ова натпреварување.