Лионел Меси со два гола донесе тешка победа за ПСЖ против Лајпциг на Паркот на принцовите

Во меч со два пресврти ПСЖ успеа да слави 3:2. Резултатот го отвори Килијан Мбапе во 9-тата минута, за во 28-та да израмни Андре Силва.

Пресврт и водство за Лајпциг во 57-та минута донесе Норди Мукиеле, но сепак тоа не беше доволно за победа бидејќи на сцена стапи Меси, кој стрелаше два пати, прво во 67-та за израмнување, а потоа и во 74-тата за конечни 3:2. Во финишот пенал промаши Мбапе.

По три кола ПСЖ е на врвот со седум бода, шест има Манчестер Сити, четири Клуб Бриж, додека без бодови е Лајпциг.