Ливерпул ја запиша 30 победа во Премиерлигата, лесно и рутински на гости против Брајотн со 3-1.

На новиот шампион во Англија му беа потребни само 8 минути да покаже кој е фаворит на оваа средба, постигна два гола во првите 8 минути од средбата, Салах и Хендерсон погодија за убедлива предност.

Брајотн успеа да се врати во игра преку Тросард во 45 минута кога намали на 1-2. Конечните 1-3 ги постави Салах со својот втор гол во 76 минута.