Фудбалерите на Ливепрул во целост се погрижија Линколн уште долго да го памети денот кога ги пречекаа шампионите на Англија во 1/16 финалето од Лига Купот.

„Црвените“ на Клоп славеа со 7:2 а головите за победникот ги постигнаа, Шакири, Минамото, Џонс, Грујиќ и Ориги.

 

Во осминафиналето Ливерпул ќе игра против Арсенал.

Манчестер Сити го елиминираше Борнмут со 2:1 со головите на Делап и Фоден. Во осминафиналето „Граѓаните“ ќе играат со Барнли.

Пласман во следната елиминациска рудна во Лига Купот обезбеди и Астон Вила која славеше против Бристол Сити со 3:0, во осминафиналето ќе играат против Стоук.