Ливерпул ја задржи предноста во однос на Манчестер Сити на врвот на табелата во Премиер лигата по 6 комплетирани кола.

Избраниците на Јирген Клоп го совладаа Челси со 2:1 на „Стенфорд Бриџ“  и со ова дојдоа до шестата победа во низа во новата сезона во Англија.

Арнолд и Фирмино ги постигнаа двата гола за гостинот уште во првото полувреме.

 

Во вториот дел, Канте во 71 минута им даде малку надеж на домаќините барем за бод но Адриан спречи такво сценарио па Челси го загуби второто големо дерби оваа година по поразот од Јунајтед во првото коло од 4:0.