Во дерби мечот од 8 коло во Англиската Премиер лига Ливерпул го совлада  Лестер со 2-1. Јунак за „црвените“ беше Џејмс Милнер кој со удар од белата точка во 95 минута им донесе победда на домаќините кои по 8 кола останаа единствена екипа со максимален учинок.

Ливерпул одлично го започна мечот и со голот на Мане во 40 минута стигна до предност. Во текот на целиот меч се чинеше дека имаат конрола врз играта, но од лисиците стигна демант во 80 минута кога преку Медисон израмнија на 1-1 и го замолкнаа „Енфилд.“ Сепак во финишот Ливерпул повторно го извлече максимумот и на помалку среќен начин преку пенал стигна до нови три бода.

Ливерпул по 8 кола има максимален број на бодоови 24, а следното коло во дербито на Англија им гостуваат на Манчестер Јунајтед.