Ливерпул запиша нова, 11 победа во Премерлигата но победи и Лестер кој во чекор го следи на табелата. Арсенал се спаси од пораз со Саутемптон.

Ливерпул го победи Кристал Палас со 2-1 на гости, головите за победа на лидерот и единствениот непоразен тим во лигата се дело на Мане (49 мин.) и Фирмино (85 мин.), голот за домашните го постигна Заха кој израмни на 1-1 во 82 минута.

Арсенал се спасуваше од  пораз дома со Саутемптон, гол за бод на „топџиите“ постигна Лакзет во 96 минута од средбата, натпреварот заврши 2-2.

Лестер со головите на Перез и Барди освои 3 бода на гости кај Брајтон и засега е втор на табелата во Премиерлигата.

Вечерва се игра средбата меѓу Сити и Челзи.

На табелата води Ливерпул со 37 бода, Лестер има 29, Челзи на третото место е со 26 бода и натпревар помалку, зад него е Сити со 25 бода кој исто така има средба помалку.