Ливерпул делуваше сигурно и моќно, славеше победа над шампионот Сити со 3-1, имаше предност од три гола  и сосема залужено ја запиша 11. победа во Премиерлигата.

Единствениот непоразен тим во Англија поведе со головите на  Фабињо и Слах во 6 и 13 минута.

Во продолжението на мечот Ливерпул стигна до 3-0 предност со голот на Мане по шест минути игра во вториот дел.

Конечниот резултат го постави Силва во 78 минута кога погоди за 1-3. Ливерпул со 11. победи од 12 средби е лидер во Премиерлигата, Сити со 25 бода е на 4. место.