По двата порази во низа од Вотфорд и од Челси, фудбалериет на Ливерпул им се вратија на победите откако на домашен терен го совладаа Бурмаут со 2:1.

Гостите поведоа со голот на Вилсон по само девет минути игра.

На ова момците предводени од Јирген Клоп одговорија со головите на Салах во 25 минута и на Мане во 33 минута.

 

Ова за Ливерпул беше 27 овосезонска победа во Премиер лигата додека за Бурмаут16 пораз по кој остануваат во опасната зона.

Во следното коло Ливерпул ќе му гостува на Евертон а Бурмаут е домаќин на Кристал Палас.