Актуелниот првак Ливерпул со головите на Садио Мане го победи Челси со 2-0, домашните не погодија ни од пенал на оваа средба која ја завршија со играч помалку.

Мане погоди за Ливерпул во 50 и 54 минута, тимот на Клоп стигна до првата победа сезонава во која приоритет е одбрана на титулата.

Челси цело второ полувреме играше со играч помалку, Кристенсен заработи црвен картон. Домашните не искористија пенал во 75 минута преку Жоржињо и останаа на нула на „Стемфорд Бриџ“.