Фудбалерите на Ливерпул ремизираа 1: 1 со Њукасл во натпреварот од 33. коло во англиската Премиер лига.

Ливерпул доминираше речиси 90 минути против Њукасл, но сепак остана „со поткусени ракави“.

„Црвените“ поведоа многу рано, Мо Салах ја стресе мрежата на гостинскиот тим во 3. минута, кога одлично се снајде и од пресврт силно го погоди поблискиот агол.

Дури и по постигнувањето на голот, Ливерпул продолжи да напаѓа и апсолутно доминираше на теренот. Њукасл можеби беше подреден тим, како што се очекуваше, а 70% од поседот во корист на Ливерпул зборува за тоа.

Њукасл речиси го шокираше Ливерпул. Калум Вилсон погоди во 92. минута, за голема радост и изедначување, но по ВАР консултацијата, судијата го поништи тој гол.

Се чинеше како Ливерпул да излезе, но Џо Вилок успеа да  погоди во 95. минута и да му донесе огромен бод на Њукасл, кој сега е на 9 бода од опасната зона.