Ливерпул запиша победа против Саутемптон со 2-0, по еден гол за Мане и Тиаго Алкантара за три бода на шампионот на Англија.

Мане го отвори резултатот во 31 минута, со предност од 1-0 заврши првиот дел во корист на шампионот на Англија. Победата на Ливерпул ја потврди Тиаго со гол во судиското продолжение д средбата. Со новите три бода, Ливерпул и натаму теоретски е во игра за место на табелата кое води во Лигата на шампионите.

Тимот на Јирген Клоп е на шестото место со шест бода помалку од Лестер кој во моментот е на четвртата позиција.