Актуелниот првак во Премиер лигата, Ливерпул го совлада Шефилд Јунајтед со 2:1 во 6 коло во натпревар на кој ВАР технологијата одново беше во центарнот на вниманието.

Шефилд поведе од непостоечки пенал во 13 минута, откако јасно се виде дека фаулот беше напревен надвор од шеснаесетникот.

На ова следуваше одговор од Фирмино во 41 минута.

Потоа поради офсајд, голот на Салах во 63 минута беше поништен, во следната минута Жота по асистенцијата на Мане го матираше гостинскиот голман за 2:1.