Фудбалерите на Ливерпул како првопласирани од групата Е ќе го чекаат ждребувањето за осминафиналето во Лигата на шампионите на УЕФА.

Со головите на Кеита во 57 минута и на Салах во 58 минута, „Црвените“ славеа на гостувањето кај Салзбург а првиот играч на домаќините, Халанд ја прекина низата голови во елитата на Европа.

Ливерпул групната фаза ја заврши со четири победи, едно реми и еден пораз и со бод предност пред Наполи кој денес славеше против Генг го освои првото место. Салзбург ќе игра во Лига Европа.