Шампионот Ливерпул е во криза, пет средби не знае за победа, сега загуби од Барнли со 1-0 и тоа на „Енфилд“.

Единствениот гол е дело на Барнс на седум минути до крајот на средбата. Ливерпул е во серија од 5 меча без победа, има 3 нерешени и два пораз, шампионот е во голема криза.

Ливерпул сега остана на 34 бода и има дури 6 помалку од лидерот Јунајтед, екипата на Барнли со новите три бода има 19 и се наоѓа на  16 позиција.