Атлетико Мадрид е четвртиот патник во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите откако славеше со 3:2 на гостувањето на „Енфлид Роуд“ кај Ливерпул.

Домаќинот поведе со голот на Вајналдум во 43 минута. До крајот на регуларните 90 минути во прв план беше Јан Облак и неговита одлични одбрани и влегувањето Љоренте на местото на Коста.

Поради оние 1:0 во Шпанија, мечот влезе во две продолженија од по 15 минути, Фирмињо зголеми на 2:0 во 94 минута.

По ова на сцена стапи Љоренте со два гола во 97 минута и во 105 минута.

Конечните 2:3 беа дело на резервистот Мората во 121 минута.

Фудбалска Европа ќе добие нов владетел а Ливерпул оваа сезона најверојатно ќе мора да се задоволи само со титулата во Премиер лигата, иако и ова голем успех за тимот кој нема трофеј во елитата на Англија од 1986 година.