Екипата на ПСЖ успеа да дојде до триумф во рамките на 33.коло од францускиот шампионат и со тоа да се приближи на еден бод негатива од лидерот Лил.

Попладнево во супернеизвесен дуел ПСЖ успеа во самиот финиш да го скрши отпорот на Сент Етијен со голот на Мауро Икарди во 95.мин, доцна во судиското продолжение.

Освен Икарди за Парижаните стрелаше на двапати и Мбапе во 79.минута и во 87.минута од пенал , додека за гостите Буанга во 78.минута и Хамума во 92.мин ги постигнаа погодоците.