Летното засилување на Тотенхем, Џиовани Ло Селсо го постигна деби голот во новиот клуб на гостувањето кај Црвена Звезда во натпревар од Лигата на шампионите.

Креативецот на тимот од Лондон ја круниса акцијата во 34 минута во која беа вклучени четири удари кон голот на Борјан,топката два пати се одби од рамката на голот за на крај Ло Селсо да ја смети во мрежата на Црвена Звезда.