Џенова и Верона одиграа извонреден натпревар, заврши нерешено на „Мараси“ 3-3, Пандев и соиграчите анулираа два гола негатива и стигнаа предност 3-2, но потклекнаа во финишот.

Верона имаше предност од два гола, Симеоне во 8-та, и Барак во 49 минута донесоа комотна предност на гостите која беше актуелна до 76 минута.

Кришито од пенал во 76 минута израмни, на сцена стапи Матија Дестро носи комплетен пресврт со голови во 80 и 85 минута за 3-2.

Кога се чинеше дека средбата ќе заврши со победа на Џенова, Калиниќ во 91 минута ги постави конечните 3-3.  Пандев влезе во игра на почетокот од вториот дел.