Притисокот од јавноста очигледно го стори своето, па Челси го повлече својот потег на кој најмногу се израдуваа навивачите кои веднаш излегоа пред „Стемфорд Бриџ“ да ја прослават оваа вест.

Како што пренесуваат англиските медиуми меѓу кои и еминентниот и добро упатен  „Скај Спортс“ раководството на Челзи донело одлука да се повлече од лигата, и во овој момент од Челзи ги подготвуваат документите со кои ќе побараат да се повлечат од новоформираната лига.

По ова вест , неколку стотици навивачи веднаш излегоа пред стадионот и  скандирајќи  „Е*и ја Супер лигата“ и „Е*и го Перез“ го прославија овој разумен потег на „сините“.