Лидерот Евертон и актуелниот првак Ливерпул го поделија пленот ремизирајќи 2-2 во првото овосезонско Мерсисајд дерби во Премиерлигата

Актуелниот првак рано дојде во водство уште во петтата минута преку Мане на асистенција на Робертсон.

Актуелниот лидер брзо возврати преку Кин, кој израмни во 19 минута по корнер.

 

Возбудувањата продолжија и во вториот дел кога Салах по втор пат го доведе Ливерпул во водство во 72 минута.

Евертон втор пат се врати од негатива преку Калверт – Левин на девет минути до крајот.

„Карамелите“ останаа со играч помалку во 90 минута по ислучувањето на Ричарлсон,а Ливерпул стигна и до трет гол во судиското продолжение, но голот на Хендерсон беше поништен поради офсајд.