Со пресврт во финишот од натпреварот против Осасуна, Атлетико Мадрид на Ванда Метрополитано не дозволи изненадување и остана на првата позиција.

Но, се можеше да биде поразлично ако се знае дека Осасуна поведе со 0:1 во 75-тата минута со голот на Анте Будимир.

Сепак, тој гол како да ги разбуди момците на Чоло Симеоне, па дојдоа до израмнување со голот на Ренан Лоди во 82-та минута.

А комплетен пресврт донесе Луис Суарез со гол во 88-та минута, по асистенција на Јаник Фереира Караско.

Реал Мадрид со минималниот триумф во Баскија успеа да дојде остане со шанси за титулата. Единствен стрелец за Реал Мадрид беше дефанзивецот Начо.

Во игра за титулата повеќе не е Барселона која на домашен терен загуби од Селта Виго со 1:2.

Со оваа победа Атлетико Мадрид на врвот има 83 бода, го следи Реал Мадрид со 81, а Барселона е трета со 76, односно два повеќе од четвртата Севиља.

Standings provided by SofaScore LiveScore