Репрезентацијата на Уругвај синоќа одигра 1:1 против Чиле во меч од третото коло од групната фаза на Копа Америка.

Чиле поведе во 26-тата минута со голот на Едуардо Варгас, а бод на Уругвај во средината на второто полувреме им донесе Артуро Видал, кој топката ја испрати во својата мрежа за конечни 1:1.

Дека Уругвајците се задоволни од оваа средба, покажа и еден детал од завршницата. Луис Суарез измисли нов начин како да задржи време. Откако топката заврши гол аут, тој застана пред голманот на Чиле Клаудио Браво и ја соблече копачката. Браво, некогашниот соиграч на Суарез од Барселона, отиде два метри понатаму и се обиде да ја врати топката во игра, но уругвајскиот шпиц пак застана пред него како повторно би ја облекол копачката.

Во групата А, Аргентина е прва со седум бода, Чиле е втор со пет, Парагвај трет со три, додека Уругвај има само еден бод, а Боливија е без бод. Последните три репрезентации досега одиграле само два натпревари, а најдобрите четири ќе се пласираат во четвртфинале.