Српскиот репрезентативец, Лука Јовиќ е едно од најголемите разочарувања кај навивачите на Реал Мадрид, по неговото пристигнување во Шпанија.

Тој за 60.милиони евра дојде од екипата на Ајнтрахт Франкфурт, но засега не успева да се наметне кај Зинедин Зидан. Покрај тоа за време на паузата од Коронавирусот тој се повреди, по што додатно беше казнет од страна на „кралевите“ поради недисциплина.

Таа повреда сега е минато и по еден од тренинзите на „кралскиот“ клуб може да се види дека Јовиќ не заборавил да игра фудбал и се враќа во оптимална форма.