Интер славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 3:2 и со ова ги задржи шансите за пласман во одминафиналето од Лигата на шампионите.

Лукаку ги постигна двата клучни гола за тимот на Конте во 64 минута и во 73 минута со што Интер дојде до пет бода по пет кола и шанса за пласман во елиминациите.

Во последното коло Интер ќе мора да го победи Шахтјор и да очекува да има победник на средбата меѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах.

 

Италијанска Аталанта ремизираше со Митјиланд со 1:1 и за палсман во осминафиналето ќе брка победа против Ајакс во последното коло.