Новото засилување на Интер, Ромелу Лукаку втор натпревар по ред постигна гол за неговиот нов клуб. Интер славеше на гостувањето кај Калјари со 2:1 во 2 коло од Серија А.

Мартинез добро се снајде по додавањето на Сенси во 25 минута, гол по кој Интер дојде до почетна предност.

Жоао Педро беше прецизен во 50 минута за радост на домашните навивачи но 22 минути подоцна, Лукаку искористи пенал и ги постави конечните 2:1 за екипата предводена од Антонио Конте.